Страшна несреќна на влез во катна гаража: Прегазена прилепчанка
Вчера во 10:40 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул„Сотка Ѓорѓиоски“ во Прилеп, при влез за катна гаража, патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 24-годишната Ј.Д. од с.Дрен, прилепско, удрило во 71-годишната Н.Г. oд Прилеп.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Н.Г., констатирани во Градската општа болница Прилеп.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.
10.09.2025 - 13:45
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа