ФОТО: Не е само Миравци, и во Чачак „прегоре“ термометарот

 

Не „прегоре“ само термометарот во гевгелиско Миравци, туку и во Чачак.

Топлотниот бран кој ја зафати и цела Србија експлодираше во Чачак.

За време на попладневните часови, на еден од мерачите во центарот биле измерени 50 степени. 

„Денес Чачак е град на духови, нема жива душа. Ненормално е топло, не знам колку е официјално измерена температурата, но субјективното чувство е точно како да е 50 степени. Не можеш да дишеш, не може да функционираш“, изјави за РИНУ Милица Богдановиќ од Чачак.

Терасите на кафеаните беа целосно празни, а многу луѓе спасот го бараа во градските базени и на брегот на Западна Морава.

11.07.2024 - 19:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега