Вучиќ: Предлагам референдум за мое разрешување
Претседателот на Србија Александар Вучиќ вечерва и предложи на опозицијата доколку сака да побара референдум во српскиот парламент за негово разрешување од функцијата претседател на Република Србија.
Александар Вучиќ рече дека на протестите по несреќата на железничката станица во Нови Сад, „во основа на тие собири со извици и пароли му ја барале главата“. За потсетување, при падот на бетонската настрешница загинаа 14 лица, а тројца се уште се во тешка состојба.
„Владата на Србија нема да ја урнете, ви нудам решение и голема победа, да не кажам колку мнозинство е потребно, еве дајте ни ги вашите 70-80 гласови (во српското Собрание) и ќе бараме од народот советодавно мислење за референдумот за разрешување на Александар Вучиќ“, рече тој.
„Ако 50 отсто од народот се согласи со тоа (на референдумот), јас нема да бидам претседател на Србија ниту еден ден. Јавно ветувам дека тој ден ќе поднесам оставка и дека ќе се одржат нови претседателски избори, додаде тој.
Вучиќ изјави дека „нема да биде претседател ако ја нема поддршката од народот“. „Ако народот каже дека е за разрешување, не му треба процедура, тој ден ќе поднесам оставка и не сум претседател“, изјави тој.
Вучиќ изјави дека потоа ќе има нови претседателски и парламентарни избори.
Така ги решивте сите ваши проблеми… Можеме веќе во јануари, март или мај, да изберете кога сакате, не го малтретирајте овој народ“, рече тој.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа