Масачусетс: Најмалку десет повредени кога играчки паднале врз деца
Камерите го снимија застрашувачкиот момент кога играчките изложени на новогодишна забава паднаа врз деца и повредија најмалку десет лица.
Несреќата се случила во игротеката „In the game“ во Пиводи, Масачусетс, каде била организирана попладневна прослава на новата година, објави Daily mail.
Додека вработените се обидувале да фрлат куп балони обесени над нивните глави врз толпата, прикажаните играчки паднале врз најмалите.
Пластичните блокови паднале од височина од околу четири метри, поради што 10 лица се здобиле со полесни повреди, изјави за „Бостон 25 њуз“ шефот на противпожарната служба на Пибоди, Џон Даулинг.
Осум лица се префрлени во локалните болници, додека двајца одбиле транспорт.
Возраста на жртвите не е позната, но на фотографиите се гледаа деца и родители во публиката. Снимките од локалните медиуми покажаа повеќе амбулантни возила надвор од центарот кои носеа неколку луѓе на носилки надвор од зградата, пренесува медиумот.
„ Се надевам дека ова не е навестување каква ќе биде 2025 година. Сите се добро, но малку крваво“, напиша еден сведок на Фејсбук.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа