39-годишен маж е жртвата во Тетово: Имал прострелна рана на главата

 

Денеска (02.01.2025) околу 18.50 часот во Тетово, во неговиот дом бил пронајден С.Н.(39) без знаци на живот, со прострелна рана во главата. С.Н. живеел со неговиот татко, кој бил пронајден во бессознание и од Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар Тетово, соопштија од МВР за Прес24.

Во просторијата каде бил пронајден С.Н., пронајдена е ловачка пушка. Во координација со јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот, додаваат од полицијата.

02.01.2025 - 21:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега