И Украина и Русија соопштија дека собориле десетици дронови

 

Украинската армија соопшти дека соборила 70 од вкупно 151 дрон истрелани од Русија врз Украина. Додека 74 руски беспилотни летала не ја постигнале целта.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека во текот на изминатата недела Русија фрлила над 1.260 бомби и лансирала речиси 760 беспилотни летала, како и повеќе од 10 балистички ракети од различен тип.

Тој додаде дека руското воено производство се потпира на шеми за избегнување санкции, високите цени на нафтата и недоволниот број ракети со долг дострел и беспилотни летала во украинскиот арсенал.

– Ние сме им благодарни на сите партнери кои ги заоструваат санкциите, но потребни се поголеми меѓународни напори за намалување на капацитетот на руската нафтена индустрија, посочи Зеленски, додавајќи дека Украина ќе го зголеми производството на ракети и дронови и ги повика сите партнери да инвестираат во украинската одбранбена индустрија.

Во меѓувреме руското Министерство за одбрана соопшти дека синоќа се соборени 35 дронови, а речиси половината од нив се уништени над областа Курск, а останатите се пресретнати над различни региони во западна и јужна Русија, соопшти Министерството за одбрана во Москва.

09.02.2025 - 15:16

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега