Меџити: Приоритетни инвестиции за безбедност и управување со отпад во депонијата Дрисла
Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити заедно со директорката на Државниот инспекторат за животна средина Ивана Гиновска и в.д. директорот на Јавното претпријатие Дрисла Ненад Јосевски ја посетија депонијата Дрисла. При оваа посета се разговараше за важноста на инвестициите во депонијата, со цел таа да биде целосно функционална и да нуди побезбедни и поефикасни услуги.
Министерот Меџити ја нагласи потребата од заградување на депонијата пред се од безбедносни причини, а со тоа ќе се овозможи заштита на животната средина и јавното здравје. Тој нагласи дека потребните инвестиции ќе помогнат да се подобрат условите за работа и ќе се придонесе за подобро управување со отпадот во регионот.
Оваа посета ја истакна посветеноста на Владата за подобрување на управувањето со отпадот и обезбедување почиста и поздрава животна средина за граѓаните.
04.11.2024 - 17:50
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа