Од утре времето со драстични промени - подгответе се!

Времето утре во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Поради спуштање на многу студена воздушна маса од север ќе бидат проследени со засилен северен ветер, а во попладневните часови врнежите и на некои повисоки места ќе поминуваат во снег. Ќе се формира снежна покривка, особено на планините во западните делови.

Температурата ќе се движи од два до десет. 

Во Скопје ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег.

Температурата ќе достигне до пет степени.

Во вторник времето ќе биде многу студено и ветровито со врнежи од снег со послаб интензитет и во пониските делови на земјава. Потоа следува стабилно време со постепен пораст на температурата.

 
 
27.11.2016 - 17:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега