Вардар ја зголеми предноста во однос на конкурентите

Лидерот на табелата и шампион Вардар со победата од 1:0 над Ренова и по нерешените резултати на другите натпревари од 16.коло од Првата фудбалска лига ја зголеми бодовната предност во однос на конкурентите. Стрелец на единствениот гол на натпреварот Вардар – Ренова беше Дејан Блажевски во 77.минута.

На другите дуели немаше победник. Шкендија одигра нерешено 2:2 против Работнички, додека 1:1 заврши дуелот Шкупи – Брегалница. На два натпревара немаше голови – 0:0: Силекс – Пелистер и Победа – Македонија ЃП.

Табела: Вардар 37 бодови, Шкендија 31, Пелистер 29, Работнички 24, Ренова 20, Силекс 20, Шкупи 16, Победа 15, Македонија ЃП 11, Брегалница 9.

 
 
27.11.2016 - 15:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа