Еврокомесарот Хан во Скопје за организација на претстојните избори

Комесарот за преговори за проширување на Европската унија, Јоханес Хан денеска ќе престојува во Скопје каде е предвидено да се сретне со премиерот Емил Димитриев, лидерите на четирите најголеми политички партии, со специјалната обвинителка и со претставници на граѓанското општество.

Целта на посетата, како што се наведува во соопштението од Европската комисија, е „да се направи преглед на политичките случувања и да се дискутира за патот напред, особено во однос на организирањето на предвремените парламентарни избори во декември, како и спроведувањето на Итните реформски приоритети“.

Вчера, еврокомесарот Хан испрати порака дека е „важно условите за одржување на веродостојни избори да бидат исполнети“.

- Договорот постигнат минатото лето од страна на сите главни политички партии и поставување на датумот на изборите за овој декември е добар чекор. Сепак, ова е само почеток: важно е условите на веродостојни избори да се целосно исполнети и граѓаните да можат слободно да учествуваат на нив,  вели комесарот Хан.

 
 
14.10.2016 - 08:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега