СИТЕЛ: Шест нови специјалистички ординации склучија договор со ФЗО

Шест нови специјалистички ординации склучија договор со Фондот за здравствено осигурување. од први ноември, на товар на државата граѓаните ќе добиваат здравствени услуги кај интернисти во Гази Баба, Аеродром, Бутел, Кавадарци, Струмица и Битола. До крајот на годината од фондовската каса за нив се издвоени 864 илјади денари или по 72 000 од специјалист.

- Зголемувањето на бројот на нови специјалисти истовремено значи и поголем избор на осигурениците за добивање на специјалистичка здравствена заштита но исто така и растеретување на гужвите во терциерно ниво. Сега преку мој термин матичните ќе имаат повеќе избор за праќање на пациенти на секундарно ниво, изјави Сашо Стефановски

Според евиденцијата на здравствените власти, во овие општини имало дефицитарност од интернисти. Со новите договори ја зајакнуваат  специјалистичката дејност во градовите во внатрешноста.

- Целта е да ги доближиме лекарите поблиску до пациентите и секако дека оваа наша заложба ќе ја продолжиме и во иднина во континуитет, вели Стефановски

Со последните 6, Фондот има склучено договор со 179 приватни специјалисти за кои годишно исплаќаат околу 300 милиони денари.

 
 
12.10.2016 - 18:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега