Американските медиуми: Владата конечно признава дека марихуаната навистина ги убива клетките на ракот

Идејата дека канабисот ги убива клетките на ракот се чини дека повеќе нема да биде теорија на заговор во САД.

Со оваа информација, може било држава легитимно да каже не на медицинска марихуана?

Или тоа би можело да се смета за превентивна билка за да се избегне добивање на рак?

Ејми Вилис и Метро велат дека американската влада ја има оформено страницата за употреба на канабис и канабиноиди на нивниот официјален веб-сајт за совети за рак.

Вилис вели дека „Националниот институт за рак“, е како дел од Министерството за здравство на САД, и советува дека" канабисот може да биде корисен во лекувањето од рак и да помогне во третманите на ракот така што може да се конзумира при пушење, јадење во печени производи, пиење билни чаеви, па дури и прскање под јазикот. "

Официјалниот владин сајт има долга листа на медицинската употреба на марихуаната, вклучувајќи: анти-воспалителни активности, намалување на болката, анти-анксиозност, ослободување од стрес, анти-тумор, антивирусно дејство и ослободување на грчеви во мускулите предизвикани од мултиплекс склероза, и многу многу повеќе .

На веб-страницата е многу убаво објаснето дека канабисот ги уништува клетките на ракот и тоа во неколку лабораториски експерименти.

Вилис изјави:

- "Неколку научни студии во минатото го покажале тоа , а во април оваа година, Националниот институт на американската влада за злоупотреба на дрога ги ревидира своите публикации кои укажуваат на тоа канабисот може да го намали туморот на мозокот со убивање на клетките."

Прашањето е следново дали ако владата на САД е конечно спремна да ги признае овие бенефиции за тоа дека канабисот докажано може да ги убие клетките на ракот, дали потоа другите земји ќе го  следат примерот?

Ако доброто здравје и намалувањето на стапката на рак е важно и за вас, тогаш контактирајте ја вашата влада за да ги зголеми придобивките на канабисот, порачуваат американските медиуми

 
 
20.09.2016 - 13:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега