РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност


Ракометната федерација на Македонија, денеска посебно им се заблагоди на фановите за поддршката на машката ракометна репрезентација на Македонија која синоќа во фантастична атмосфера во СЦ „Борис Трајковски“ со победата над Фарски Острови избори пласман на Светското првенство во јануари наредната година. РФМ во честитката се осврнува и на постигнувањата на другите македонсии ракометни репрезентации кои до крајот на годинава ќе настапат на европски и светски шампионати.

 

„Ракометната Федерација на Македонија упатува голема благодарност до сите кои безрезервно дадоа подршка на машката македонска сениорска репрезентација во спортскиот центар „Борис Трајковски“, за победата против селекцијата на Фарски Острови, дополнително благодарност и до сите останати кои го следеа натпреварот и ги бодреа нашите ракометари пред малите екрани.

Во рамките на своите програмски определби, Ракометната федерација на Македонија како приоритет број 1 ги има промоцијата и унапредувањето на македонскиот ракометен спорт во меѓународни рамки.
Во текот на репрезентативните квалификациски циклуси/баражи и утврдени натпреварувачки системи од EHF/IHF во машка и во женска конкуренција за сите возрасни категории, националните селекции обезбедија учество на следните завршни турнири на континентално и на светско ниво:

1. ЖЕНСКА СЕНИОРСКА РАКОМЕТНА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА Women’s EHF EURO 2024 (AUT/HUN/SUI)
28.11.2024-15.12.2024

2. МАШКА СЕНИОРСКА РАКОМЕТНА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА IHF Men’s World Championship 2025 (CRO/DEN/NOR)
14.01.2025 – 02.02.2025

3. ЖЕНСКА МЛАДИНСКА РАКОМЕТНА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА IHF WOMEN’S JUNIOR WORLD CHAMPIONSHIP 2024 (MKD) 19.06.2024-30.06.2024

4. МАШКА МЛАДИНСКА РАКОМЕТНА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА Men’s 20 EHF EURO 2024 (SLO)
10.07.2024- 21.07.2024

5. МАШКА КАДЕТСКА РАКОМЕТНА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА Men’s 18 EHF EURO 2024 (MNE)
07.08.2024- 18.08.2024

Честитки до сите ракометари и ракометарки, и до членовите на стручните штабови на сите македонски ракометни селекции !
Вие сте наша гордост!“ – стои во соопштението од РФМ.

13.05.2024 - 13:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега