Голема акција на српската полиција: Запленети 300 килограми кокаин - уапсени предводниците на навивачките групи

300 килограми кокаин се запленети во заедничка акција на српската и германската полиција во Србија. Како што јавуваат локалните медиуми приведени се над 30 лица а по неколкумина се уште се трага.
По 13 месеци истрага, спроведена е акција за приведување во неколку градови во Србија. Некои од лицата живеат на територијата на Германија па затоа неопходна е меѓународна соработка – истакна на прес конференција утрово српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ кој потенцираше дека ова е силен удар на организираните нарко картели.

Според информациите од српското МВР запленети се 303 килограми кокаин, поголема количина на марихуана и 106 килограми хашиш, а откриени се и 107 лаборатории за наркотици. Вкупната вредност на дрогата како што информираше српскиот министер изнесува над 20 милиони евра.

Голем дел од приведените се предводници на локални навивачки групи.

Уапсени се и двајца курири кои носеле поголема количина наркотици. Дрогата е запленета на територијата на Србија и Унгарија.

Министерот Стефановиќ соопштил дека полицијата привела 33 предводници на навивачки групи од Белград.

 
 
13.09.2016 - 10:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега