Најмалку седуммина убиени при воздушен напад врз болница

Најмалку седум лица загинаа, а 13 се повредени денеска при воздушни напади врз болница во северниот дел на Јемен извршени од сунитската коалиција, предводена од Саудиска Арабија, против шиитските бунтовници Хути, соопштија локалните власти.

Нападот бил извршен во провинцијата Хаџа, која е под контрола на бунтовниците, а бомбардираната болница е управувана од меѓународната хуманитарна организација „Лекари без граници“.

Моментно е невозможно да се спроведе евакуација на повредените бидејќи воени авиони се уште го надлетуваат реонот.

Во саботата десет деца беа убиени, а 28 повредени во воздушни напади врз училиште во соседната јеменска провинција Саада. 

 
 
15.08.2016 - 19:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега