Спасов: 100% обесштетување за граѓаните од поплавените подрачја, 50% поголема помош за социјално загрозените

Граѓаните од поплавените подрачја ќе добијат 100% обесштетување од Владата. На терен се тимовите за проценка на штетите и до сега се попишани околу 2.500 семејства, појасни министерот за труд и социјална политика Диме Спасов на вестите на Сител.

По проценките започнува втората фаза а тоа е утврдување на детална проценка.

-Очекуваме до среда да заврши теренската проверка со што ќе бидат посетени сите домаќинства. Потоа започнува деталната проценка и исплатата. Она што е најбитно е дека се што се оштетило во поплавите ќе биде обесштетено, вели Спасов.

Уште една од мерките на Владата е и зголемување за 50% на социјалната помош за сите приматели на истата.

-Најпогодени во поплавите се социјално загрозените граѓани. Сите приматели на социјална помош согласно последниот пакет кој го донесе Владата, ќе добијат 50% зголемената социјална помош за 3 месеци. Центрите за социјална работа, утврдија дека околу 550 семејства од социјален ризик се погодени во поплавите. Очекуваме до крајот на август центрите да донесат решенија за исплата, вели Спасов.

 
 
15.08.2016 - 16:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега