Напад на болница - 30 загинати

 Триесет лица загинаа, а десетици се повредени денеска при бомбашки напад во болница во пакистанскиот град Квета, соопшти полицијата.

Експлозијата се случила веднаш откако во здравствената установа било донесено телото на адвокатот Билал Каси, претседател на адвокатското здружение во провинцијата Белуџистан, кој бил застрелан претходно во друг напад. Пред болницата се наоѓале многу луѓе, кои пристигнале да изразат сочувство за убиениот колега.

Засега никој нема преземено одговорност за инцидентот.

 
 
08.08.2016 - 09:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега