Страшна сообраќајка ја разбуди Македонија
Две лица се повредени изутринава околу 7 часот и 30 минути во сообраќајна несреќа која се случи на патот Градско-Кавадарци. Сообраќајот е во прекин во двата правци.
Како што информира Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес, кај месноста викана „Варниште“, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале два патнички автомобила.
- Првичните информации се дека две лица се пренесени во Здравствен дом Кавадарци заради укажување лекарска помош. Увидот е во тек. Сообраќајот во двата правци е во прекин, соопшти Стојковска.
08.08.2016 - 08:44
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа