Момче прободено со нож во Прилеп

Вчера околу 19,00 часот во Прилеп на ул.„Тризла“ 46-годишниот С.А. и 29-годишниот Е.Д.  додека конзумирале алкохолни пијалоци, дошло до меѓусебна расправија, во која С.А. се обидел физички да го нападне Е.Д. Истиот заминал и по кратко време се вратил заедно со неговиот татко. Повторно започнале расправија и меѓусебна турканица, по што Б.Д. паднал на земја, а С.А. почнал да го удира. Е.Д.  извадил нож и го прободел С.А. неколку пати во пределот на грбот по што истиот се завртел и му го одзел ножот од рака и му нанел убодни рани во пределот на градите и вратот. Истите биле разделени од страна на присутните граѓани. На лицата им била укажана лекарска помош во ГБ-Прилеп и кај С.А. била констатирана телесна повреда, додека кај Е.Д. констатирани биле тешки телесни повреди и истиот бил задржан на понатамошно лекување. Околу 23,30 часот С.А. бил приведен и задржан во ПС-Прилеп и по целосно расветлување на случајот, против учесниците ќе бидат поднесени соодветни пријави.

 
 
07.08.2016 - 14:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега