Го следеле 6 години: Во САД уапсен првиот полицаец поради соработка со ИД

Поради сомнение за материјална поддршка на Исламската држава, уапсен е полицаец од Вашингтон, пренесува „Вашингтон пост”.

Полицаецот, кој имал дожност да врши контрола на ватниците во метрото во Вашингтон, 36 годишниот Николас Јанг е уапсен во полициска станица.

Во обвинението се наведува дека Јанг на припадниците на Исламската држава им купувал СИМ картички за мобилни апликации со кои лесно може да комуницираат. Бил откриен откако картичка му дал на агент на ФБИ кој бил на тајна задача.

Јанг бил под надзор на ФБИ од 2010 година. Една година подоцна, два пати патувал во Либија, каде според пишувањата на медиумите, им се придружил на бунтовниците кои се обидуваа од власт да го симнат Моамер Гадафи.

Јанг е првиот случај во кој американски полицаец е обвинет за соработка со ИД.

 
 
03.08.2016 - 19:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега