Груевски: Се надевам дека СДСМ ќе бидат различни во споредба со минатото и нема да го опструира политичкиот договор

Ова го изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој се наоѓа во посета на Охрид и охридско.

-Последниот договор што го направија партиите е постигнат со консензус, и сите правеле некакви отстапки, изјави денеска Груевски, кој очекува СДСМ сега да не прават опструкција со цел Македонија да излезе од политичката криза.

Груевски додаде дека политичкиот договор е компромис и можно е некој да не е задоволен од решенијата, но сега е нјаважно тој да се спроведе и земјата да излезе од политичката криза.

 
 
23.07.2016 - 18:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега