Град на проституцијата: Во овој бордел стар 200 години се раѓаат и во него умираат проститутки (ФОТО)

Бангладеш е една од ретките муслимански држави во светот каде проституцијата е легална.

Кандапар борделот во округот Тангаил е најстар и втор по големина во земјата, постои околу 200 години. Срушен бил 2014 година, но повторно е направен со помош на локалните невладини организации. Многу жени се таму родени, пораснале и не знаеле каде да одат кога го снемало. Тоа се случило бидејќи адвокати ги убедиле локалните власти дека оваа работа е незаконска.

Денеска борделскиот дел е опкружен со ѕид. Во улиците внатре има тезги со храни, продавници за чак и улични продавачи. Борделот е место со правила и хиерархија на моќта, кој во многу нешта се разликува од остатокот од друштвото.

Внатре во борделот жените се слаби, но и моќни. Најзагрозени се кога влегуваат таму, тогаш тие се викаат врзани девојки и обично се на возраст од 12 до 14 години.

Овие девојки обично доаѓаат од сиромашни семејства и често се жртви на трговија со луѓе. Немаат слобода или права. И припаѓаат на една од постарите жени, често се во долгови и не им е дозволено да излегуваат надвор или да ги задржат парите.

Откако ќе ги платат своите долгови, тоа е меѓу една и пет години, тие стануваат независни сексуални работнички. Тогаш можат да одбијат клиент и парите за себе да ги задржат. Можат и да си одат од борделот, но поради тоа што би останале обележани од околината решаваат да останат и понатаму да ја работат оваа работа.

 
 
27.06.2016 - 09:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега