Автомобили се искршија на булеварот Гоце Делчев - повредена жена
Уште една страшна сообраќајка викендов во Македонија која за среќа нема фатални последици. Во 15 часот и 50 минути во текот на вчерашниот ден БМВ управувано од страна на 38-годишниот П.Ј. од Струмица, удрило во Пежо 307 управувано од 35-годишниот И.Д. од струмичко.
Несреќата се случила на булеварот Гоце Делчев.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од Пежото, 68-годишната З.Д. на која итно и е укажана лекарска помош.
Се расветлуваат причините за судирот.
19.06.2016 - 12:31
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа