Најпознатиот македонски џихадист осуден на доживотен затвор

На четворица џихадисти, меѓу кои и најпознатиот македонски џихадист Мухамед Зекири, Судот во Анкара им определи казна од речиси 500 години затвор за убиство на три лица во март 2014-тата година.

Како што пренесува Анадолија, Зекири кој потекнува од Охрид е осуден за терористичкиот напад што пред две години како припадници на Исламската држава го изведоа во Анадолија. Убија офицер, полицаец и камионџија. На 20 март 2014 година, на автопат кај градот Нигде, тројцата сега веќе осудени, отворија оган врз полициски пункт за време на рутинска контрола, а потоа грабнаа камион и го убија возачот во обид да и побегнат на полицијата. Во престрелката напаѓачите беа ранети и уапсени. 

На терористите им се судеше за убиство со умисла и за тоа што се членови на вооружена терористичка организација. 

Судот во Нигде на тројцата им одреди вкупна казна затвор од 422 години.

 
 
16.06.2016 - 11:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега