Хорор во Тетово: На десетгодишно дете му ја скршиле главата со шипки

Драма се одвивала среде улица во Тетово. Во 15 часот и 40 минути во Клиничкиот центар бил донесен десетгодишник од Тетово со фрактура на задниот дел од главата. Момченцето кажало дека на улицата Михајло Рајчевиќ, непознати лица со метална шипка го претепале. Поради карактерот на повредите малолетникот бил пренесен во Ургентен центар  Скопје.

Од превземените мерки и активности идентификувани се учесниците во тепачката. Се работи за двајца малолетници од Тетово, со кои бил извршен разговор.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. 

 
 
14.06.2016 - 13:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега