Уапсен осомничениот за убиството на Јелена Марјановиќ

Небојша Ројко Вихор од Борча, кого полицијата го бараше заради распит во врска со случувањата на денот на убиството на пејачката Јелена Марјановиќ, уапсен вчера вечер во БиХ, дознава српски Блиц.

Полицијата во Брчко го уапсила околу 23 часто, во населбата Грбавица. Тие постапиле според информациите кои добиле од колегите од Србија.

По распитот во Брчко, Ројко е предаден на српската полиција.

Пред два дена од населбата Црвенка каде беше убиена Јелена со 30 удари од тап предмет, инспекторите приведоа едно момче. Игор Ројко е испрашан во својство на граѓанин, а полицијата испрашала уште неколку особи од Црвенка, како би собрала повеќе информации за случувањата на денот на убиството.

Откако Игор беше пуштен, полицијата се обидуваше да го пронајде неговиот брат Небојша, кого инспекторите исто така имаа намера да го испрашаат.

Ројко вчера се огласи, велејќи дека наскоро ќе се појави и ќе даде изјава во полиција во врска со убиството на Јелена Марјановиќ.

Како што пренесуваат медиумите, тој им се јавил на своите родители и им рекол дека нема врска со ова злосторство, како и дека на полицијата ќе и раскаже зошто побегнал од дома непосредно пред претресот.

 

 

 

 

 
 
09.04.2016 - 11:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега