Обдукцијата покажа од што почина двегодишното детенце во градинка

Веста за смртта на двегодишниот Матија кој изненадно почина во градинка во Белград, покажа дека момченцето заминало во смрт поради синдром на изненадна смрт или уште познат како смрт во колевка.

- Обдукцијата покажа дека момченцето изненадно починало од овој синдром. Претходно, малиот Матија немал никаков здравствен проблем, бил здрав без здравствени проблеми, маани и наследни болести. Ова го покажаа првите резултати, вели докторот од судска медицина.

Инаку, синдромот на изненадна смрт се јавува најчесто кај децата на 4-6 месеци, но може да се јавии подоцна до две годишна возраст. Воедно ова е најголемиот страв кај родителите, бидејќи овој синдром одзема деца кои се здрави.

 
 
18.02.2016 - 10:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега