300 ВРАБОТУВАЊА: Инвестиција од 20 милиони евра - поставен камен темелник на Хајтек

Во слободната економска зона Бунарџик денеска беше поставен камен темелник на домашната компанија „Хајтек“, инвестиција вредна над 20 милиони евра.

Македонската компанија ќе вработи вкупно 300 лица, од кои 100 во првата година.

Инвестицијата ќе се реализира во две фази. Во првата ќе бидат вложени 6 милиони евра, а во втората 14 милиони евра.

На поставувањето на камен темелникот присуствуваа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, министерот за финансии Зоран Ставрески, Виктор Мизо, директорот на дирекцијата на ТИРЗ, како и сопственикот Саво Станковиќ, кој истакна дека ова ќе биде врвот на техничко-технолошките достигнувања.

Мизо информираше дека фабриката која ќе вработи вкупно 300 лица на есен ќе започне со работа.

Ставрески, пак,  истакна дека очекува во најскоро можно време и втората домашна инвестиција која ќе влезе во Бунарџик „ТТ Пласт“ да почне со реализација.

Инаку, производите на „Хајтек“ наоѓаат широка примена во воената, авионската и автомобилската индустрија, како и во медицинска опрема, а нивни клиенти се големи глобални компании како „Континентал“, „Бош“, „Сименс“, „Филипс“ и други.

 
 
17.02.2016 - 14:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега