Мигрант загина од струен удар на железничка станица

Мигрант кој се качил на вагон на железничката станица во Суботица, денес околу 12 часот и 30 минути загина од струен удар.

За сега не е познато поради што мигрантот, чиј идентитет сеуште се утврдува, се качил на вагонот.

Полицијата врши увид на местото на настанот.

Контактната електрична мрежа е исклучена поради што моментално е во прекин железничкиот сообраќај во Србија.

Екипите на Железници Србија, полицијата и Брзата помош се обидуваат телото на настраданиот да го тргнат од вагонот.

 

 

 

 

 
 
12.02.2016 - 13:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега