Чешкиот министер Заоралек доаѓа во Македонија, ќе има средби со Иванов, Димитриев и Поповски

На 10 февруари 2016 година во официјална посета на Република Македонија ќе допатува министерот за надворешни работи на Чешката Република, Лубомир Заоралек.

Во рамки на посетата, чешкиот министер ќе се сретне со министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, а ќе биде примен и од претседателот на државата,  Ѓорге Иванов и од претседателот на Владата за спроведување на изборите, Емил Димитриев.

Во рамките на посетата предвидено е одржување и на македонско – чешки бизнис форум и отворање на изложба под наслов „25 години од формирањето на Вишеградската група”.

 
 
09.02.2016 - 18:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега