Груевски промовираше уште пет нови проекти за младите

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски денеска промовираше пет нови мерки наменети за младите кои како што истакна се детално разработени и истите ќе бидат понатаму спроведени до Владата.

Прв проект- изградба на 150 нови игралишта за баскет. Проектот ќе почне во 2017 година, а планирано е да заврши во 2020 година.

Втор проект – инвестирај во својата иднина. Проектот предвидува стипендирање на студенти за последипломски и докторски студии на некои од државните универзитети. Проектот ќе го води министерството за образование и истиот треба да почне во септември 2017.

Трет проект-  комплетно реновирање на национална универзитетска библиотека Свети Климент Охридски. Предвидено е реновирање на кровот на читалните и работните простории. Проектот ќе го води министерството за култура и предвидено е да почне 2017 година.

Четврт проект- Ново матично во Скопје. Истото треба да биде готово до средината на 2017 година.

Петти проект – Изградба на нова голема мултифункционална читална во Скопје.

 
 
28.01.2016 - 15:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега