ФОТО: Колегите со емотивна порака за Диџеј Бабура

Колегите на Диџеј Бабура од Сити радио со емотивна порака се простија од него.

ЖИВОТ КАКО МУЗИКА ……
Кога светлата на подиумот ќе згаснат…..музиката продолжува да се слуша…..таа никогаш не престанува….затоа што ја допира душата и го полни срцето…..
Почина Диџеј Бабура. Момчето кое ја обележи младоста на генерацијата која растеше со новата музика….Подиумот полн….музиката гласна….
Израсна со музиката во 70-тите и 80-тите, диџеј кој постави стандарди на македонската музичка и диско сцена. За првпат застана на сцената во 1992 година во дискотека Хард Рок. Со себе носеше големо искуство работејќи во многу познати клубови во Скопје и Македонија.
Беше активен од првиот ден во радискиот етер….. почетоците во Мега радио, Антена 5 радио и „неговата најголема љубов„ – како знаеше да го каже Сити радио.
Музиката на Диџеј Бабура за многу кратко време стана инспирација за многу ДЈ-и и продуценти на домашната сцена. Беше претпознатлив по изборот на звукот која ги допираше хоризонтите на светската сцена…. неговата публика ја будеше младоста….тој им се радуваше на сите насмевки….на сите љубови …. на сите чувства кои се раѓаа низ неговата музика ….. Со неговите настапи градот добиваше нов белег….
Почивај во мир….иако светлото згасна…..твојата музика ќе продолжи…..

 
 
22.01.2016 - 11:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега