Маж од скопски ќе си има работа со полицијата

Против З.Р. (29) од с. Блаце, скопско, е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

На 18.01.2016 година околу 06.00 часот на магистралниот пат Струмица-Радовиш од страна на полициски службеници е сопрено патничко возило „Ауди“ управувано од пријавениот, а од извршен преглед во возилото затекнати се 10 мигранти од кои четири државјани на Алжир, тројца државјани на Либија, двајца на Пакистан и еден државјанин на Мароко.

Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од осум дена.

 
 
21.01.2016 - 14:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега