Каква е состојбата на патиштата?

Забрани за движење на тешки товарни возила има на патните правци Тетово - Попова Шапка, крак Маврово - Дебар, крак Стража – Кичево и Струга - граничен премин Ќафасан, информираат од Автомото сојузот на Македонија.

Забрана за автобуси има на патниот правец Тетово – Попова Шапка, а за останатите возила задолжителна е употреба на зимска опрема.

Унинати се забраните за движење на тешки товарни возила на патот Крива Паланка - граничен премин Деве Баир, Пресека и Ѓавато.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот после интервенција на дежурните екипи од Македонија Пат.

АМСМ препорачува без потреба да не се патува во западниот дел од државата, задолжително носење на зимска опрема, исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и планирање на патувањето според временските услови.

Посебно внимание од АМСМ препорачуваат на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово - Стража, Демир Капија – Удово и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. 

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

 
 
17.01.2016 - 10:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега