Хан: Претседателот на ДИК ме уверуваше дека може да се пречисти избирачкиот список до 24 април

Јоханес Хан синоќа истакна дека лично од Претседателот на ДИК добил уверување дека може да се прочисти избирачкиот список и дека тоа нема да биде пречка за одржувањето на изборите.

Такво убедување добил и од ОДИХР и од ОБСЕ.

-Во четвртокот имав контакт со директорот на ОДИХР, господин Линк и со генералниот секретар на ОБСЕ. И двајцата ми потврдија дека доколку сите  во државата се посветени ќе биде возможно да се спроведат фер, транспарентни и демократски избори, според нашите европски и меѓународни стандарди. На секој начин на кој европските институции, ОБСЕ, ОДИХР, Европската комисија… можат да помогнат да се направи, тие ќе бидат таму и јас повторно ќе дојдам. Но сега останува политичките партии да донесат одлуки. Јас само можам да поттикнам сите да партиципираат на изборите, рече Хан.

СДСМ е единствената партија која ги напушти преговорите барајќи изборите да бидат одложени, додека ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА стојат зад договореното, односно изборите да се одржат на 24-ти април.

 

– Договорот важи. Уште еднаш ќе повторам, а ова беше и пораката која ја упатив до сите клучни играчи: Очекувам сите партии да останат посветени на договорот од Пржино, рече синоќа Хан.

 
 
16.01.2016 - 13:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега