Детали од трагедијата кај Штип: Колеги влегле во водата, но не успеале да ги спасат

Трагедијата која вчера се случи во Штип, градоначалникот денеска прогласи Ден на жалост. Во сообраќајна несреќа загинаа двајца штипјани.Според информации од надлежните истражни органи се работи за вработени лица во затворското обезбедувањена КПД Штип. Сообраќајката се случила тука  таканаречениот трет километар пред влез во Штип од правец на Радовиш.

Првичните неодфицијални информации говорат дека во критичниот момент, првиот од двата службени автомобили на КПД Штип со кои четворица од затворското обезбедување се враќале дома, од засега необјаснети причини изгубил контрола, два пати се завртел на коловозот околу себе и излетал во водите на реката Брегалница.

Останатите двајца кои биле во автомобилот позади нив, веднаш застанале и влегле во водата за да ги спасат колегите, но за жал било предоцна за нивните колеги, едниот стар 41,а другиот 30 години, јавува дописникот на Канал 5.

 
 
05.01.2016 - 11:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега