Го чека доживотен затвор: Полицаец силувал 13 жени додека бил на должност

Поранешен полицаец од Оклахома, Даниел Холцлав е прогласен за виновен за силување на 13 афроамерикански, додека бил на должност.

Тој е обвинет по 18 од 36-те точки во обвинението кои вклучуваат силување, провала и подведување. Медиумите пренесуваат дека поротата предложила Холцлав да биде затворен на вкупно 263 години.

Иакјо е прогласен за виновен, тој се изјаснува како потполно невин.

-Даниел призна дека имал контакти со овие жени, но негира дека ги искористувал, вели неговиот адвокат.

Поранешниот полицаец работел ноќни смени во североистокот на Оклахома Сити, а обвинителството на судењето наведе дека тој од декември 2013 година до јуни 2014 година напаѓал црни, сиромашни жени, обично со криминално досие за кои верувал дека нема да можат да го обвинат.

-Сметал на тоа дека на тие жени никој нема да им верува, наведе тужителот.

Жртвите на силувањто истакнале дека тој кај нив пронаоѓал опијати и ги терал на сексуални односи под закана дека ќе ги уапси.

На 21 јануари ќе биде соопштена конечната пресуда, односно колкава ќе му биде затворската казна.

 
 
11.12.2015 - 13:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега