Германија со „торнадо“ ќе се бори против џихадистите

Германија денес во Турција испрати два авиони „торнадо“ и 40 војници, како поддршка во борбата против џихадистичката организација Исламска држава во Сирија.

Германските пратеници минатиот петок одобрија распоредување на 1200 воени лица и авиони, кои ќе се приклучат во меѓународните воени операции против ИД, по терористичките напади во Париз.

Инаку германскиот политичар Торстен Албиг истакна дека иднината на Европа зависи од пријателството меѓу Германија и Франција.

 
 
10.12.2015 - 19:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега