Кучето на Нетанјаху касна политичарки

Кучето Каја кое од неодамна вдомено во семејството на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху веќе „запозна“ некои од политичарите кои се на високи функции, меѓу кои и американскиот државен секретар, а од вчера освен „запознавање“ следеше и касање. 

Имено, на свеченоста за палење свеќи по повод еврејскиот празник Ханука, 10-годишната Каја ја каснала сопругата на заменик-министерот за надворешни работи на Израел, а потоа и пратеничката во израелскиот Кнесет, Шарен Хаскел, која инаку е ветеринар. 

- Ова е ситница, рече Хаскел за израелското воено радио.

Синот на израелскиот премиер ја вдоми Каја откако ја нашол на улица, по што премиерот објави фотографија на Твитер од неа и ги повика сите љубители на кучиња да вдомат пораснати кучиња-скитинци, додавајќи: „нема да зажалите“.

Дали Нетанјаху се уште мисли така, засега не е познато. 

 
 
10.12.2015 - 17:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега