Животот пишува романи: Бездомник добил половина милион долари на грепка

На бездомникот од Аспен, Мајкл Енгфорс му се насмевнала среќата кога на лотарија добил награда од 500.000 долари. Во ливчето вложил 10 долари.
 
- Мајкл никогаш не се откажа. Знаеше дека среќата ќе му се насмевне - изјавил Џереми Ковалис, директор во Центарот за бездомници во Аспен за телевизија од Денвер.
 
Инаку, Мајкл во последните неколку години се соочил со развод, проблеми со алкохолот, а ги загубил домот и работата.
 
Скромниот Енгфорс изјавил дека со парите ќе купи еден пар скии, но најпрво ќе се поврзе со ќерката која ја нема видено 20 години.
 
 
09.12.2015 - 22:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега