Зошто му се налутија на Македонецот Дарко во „Големиот Брат"?

Во Големиот Брат синоќа јавно се бираше дали Стефани треба да остане во куќата или не. Иакоповеќето станари неделава не можеа да ја истрпат Стафани, меѓу кои први беа Барбара и Ервин, сепак на јавните номинации не станаа, туку единствени кои останаа на својот збор и се кренаа беше Македонецот Дарко, еден од близнаците и секако Мирјана која ја има во се. 

Она што е најинтересно е дека иако сите преќутеа дека сакаат Стефани да си оди и рекоа дека во последен момент ја смениле одлуката, Дарко си остана на зборот и изјави дека сака Стефани да замине бидејќи се одделила од групата, не работи, не помага и само прави неред и хаос во куќата. По ова, Горан се налути бидејќи Дарко ја номинирапе неговата другарка, па го номинираше него. 

Куќата синоќа ја напушти Ѓорѓе по две недели поминати во неа. Следни номинирани се Горан, Мирјана, Дарко и Ервин.

Изгледа во кучата на Големиот Брат не пали искреноста и воопшто не се цени.

 
 
21.11.2015 - 11:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега