Руската авијација уништила 15 нафтени инсталации и 525 камиони цистерни во Сирија

Руската воена авијација во изминатата недела уништила 15 нафтени инсталации во Сирија и 525 камиони цистерни, кои превезувале нафта, изјави министерот за одбрана Сергеј Шојгу, известувајќи го претседателот Владимир Путин.

- Бродови на Касписката флота истрелале денеска 18 крстаречки ракети врз седум цели во провинциите Рака, Идлиб и Алеп. Сите цели се погодени, рече Шојгу.

- Воздушните напади ги лишиле џихадистите на „Исламска држава“ од 1,5 милиони долари дневно профит од продажбата на гориво, истакна тој.

Според Шојгу, нападите нанеле и значителни загуби, што само при еден воздушен напад во провинцијата Деир ал Зур биле убиени над 600 екстремисти.

Руски воени авиони извршиле 522 полети и уништиле над 800 цели само во изминатите четири дена. 

Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков одново денеска ја исклучи можноста денеска од копнена операција на руските војници во Сирија.

Тој ја коментираше изјавата на Путин за неопходноста од „нова фаза“ во воената операција во Сирија. - Немаше разгледување на копнена операција, рече Песков.

Во меѓувреме, руското МНР објави соопштение според кое, шефот на дипломатијата Сергеј Лавров денеска телефонски разговарал со државниот секретар Џон Кери. Тие ја разгледале неопходноста од заеднички напори против Исламска држава во Сирија и неопходноста од преговори меѓу Дамаск и опозицијата.

 
 
20.11.2015 - 22:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега