Со идејата за федерализација, СДСМ ја сквернави македонската национална историја

Во колумна насловена „Ајде да разговараме за федерализација, зошто да не“, еден од главните експоненти на СДСМ и опозициски стратег Бранко Героски кој е отворен подржувач на опозициските политики во колумна соопштува дека треба отворено да се разговара за федерализација на Македонија, заговарајќи дека тоа е концепт кој има изворна енергија и треба да се спроведе.

Стратегот на СДСМ и едно од нивните главни новинарски пера Героски на тоа  гледа како апсолвирано прашање, за кое треба да се разговара за деталите, а не дали воопшто е потребно создавање на федерализација.

-Oдржливоста на идната федерација е важно прашање за кое мораме да разговараме, спомнувајчи во колумната кантонални влади, посебни сенати, полиции, судии, факултети, создавање на локално македонско албански парламенти и слично, пишува Героски.

Заговарањето на вакви сценарија, е веќе видено од стратезите на СДСМ.

Исто како Героски мисли и опозицискиот лидер Зоран Заев кој отворено побара на една косовска телевизија за рекомпонирање на рамковниот договор, официјализирање на двојазичност по сите основи, а Љубомир Фрчкоски исто така од СДСМ јавно побара Албанец за премиер.Експертите велат дека вака опозицијата покажува дека нема тронка национално единство и дека има морбидни замисли.

Професорката Тања Каракамишева-Јовановска во изјава за КУРИР вели дека ваквото однесување на опозицијата е газење и сквернавење по македонската национална историја, по идејата на славните македонски борци кои загинаа за каузата Македонците да живеат во една, во своја македонска република и во своја македонска држава.

-Очигледно е дека македонската опозициска политика го отвори сите карти и веќе без срам и без тронка национално достоинство почна да тргува со македонските национални интереси како на пазар Буквално како куртизани на улица почнаа да си ги нудат своите услуги. При тоа заборавија или направија превид за една многу важна работа во политиката. Заборавија дека пред да излезат на улица со својот есап, со своите морбидни замисли, дека прво што треба да направат е да го прашаат народот што мисли за овие нивни размислувања, да видат дали народот се согласува со овој нивен пазаров и со овие нивни услуги. Во тоа е всушност и суштинската разлика меѓу куртизаните, од една, и вистинските политичари, од друга страна. Дали народот ги овластил за правење пазар со вакви сериозни прашања и кој ќе ја преземе одговорноста за изнесениве тези и предлози кои немаат никаква поддршка од страна на македонските граѓани. Исто така треба да им биде јасно дека овие противуставни предлози се едновремено и казниви дела против државата. Федерализацијата на државата е идеја или концепт кој е во директна спротивност со Уставот на земјата и со целокупниот правен и политички систем на Република Македонија. Тоа е комлетно ново дефинирање и редизајнирање на државата со исклучително штетни долгорочни последици по македонскиот народ, неговиот идентитет и неговото достоинство. Тоа е газење и сквернавење по македонската национална историја, по идејата на славните македонски борци кои загинаа за каузата македонците да живеат во една, во своја македонска република и во своја македонска држава. Има само една добра работа од целава оваа состојба. Конечно маските на СДСМ паднаа. Сега барем народот може со свои очи да види што е што, и кој е кој, вели Каракамишева.

За потсетување, во месец мај јавноста беше фрапирана од настапот на Заев за косовска телефизија каде изнесе барања за воведување на двојазичност и рекомпонирање на рамковниот договор. Тој изнесе ставови кои ја наметнуваат потребата за федерализација на Македонија и откажување од идентитетските прашања.

Заев во интервјуто говореше за некакво продлабочување на Охридскиот рамковен договор, а имајќи во предвид дека Охридскиот договор е исполнет во најголема мера, експертите сметаат дека се подразбира дека ова е всушност понуда за федерализација, затоа што повеќе од Охридскиот договор е само федерализација каде по етничка основа би се протежирало бинационална држава.

-Јас се плашам затоа што многу граѓани се уште зборуваат за Охридскиот Рамковен договор, ние мора да зборуваме за нашите заеднички проблеми, да одиме понатаму од Охридскиот договор, затоа што сега е време и сме подготвени да бидеме еднакви и да зборуваме за заеднички цели, затоа што тоа ќе се исполни како политичко барање на албанската заедница, вели Заев.

 

Во истото интервју на косовската телевизија Заев изнесе и тврдење дека мултикултурализмот треба да се внесе во преговорите за името и дека треба задолжително да се изучува албанскиот јазик уште од градинките.

-Зошто ќерка ми на пример да учи турски? Ќе учи албански? За да го користи, ние сме заедно во ова општество.  Вклучување во секојдневните активности, не само во јавната администрација. Сите мора да имаат еднакви и фер шанси во иднина. Нашите црвени линии се да не дозволиме да ни ги допрат нашите особености како нација, држава, заедно со нашата посебност во однос на културата, мултиетничките разлики, рече Заев.

 
 
11.11.2015 - 15:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега