Срамна политизација на СДСМ: Не се виновни тие што пукале и сакале да убијат, виновен е министерот

СДСМ спроведува срамна политизација на немилиот инцидент кој се случи утрово на Клиничкиот центар при што граѓанин застрела доктор поради смртен исход кај пациент.

СДСМ без било какво двоумење излезе веднаш со реакција и со груба политизација на целиот случај при што веднаш го обвини министерот за здравство Никола Тодоров, а го амнестираше сторителот на инцидентот.  

Тие побараа одговорност, иако не понудија ниту еден аргумент. Додека лекарите на Клиника вршеа операција врз нападнатиот доктор, СДСМ излегува на прес конференција каде си поигрува со несреќата на луѓето.

Ваквата бесчуствителност и политиканство наиде на остри рекции од јавноста каде СДСМ беше ставена на столбот на срамот. На социјалните мрежи врие, коментарите се дека СДСМ не ја интересираат човечките животи, туку борбата за власт.

СДСМ треба да се срами поради сето ова, ги штити убијците, место да го осуди инцидентот. Инаку, она што е познато досега е дека приведени се  Јакуп Изаири (1985), Абдул Наим (1979) и Имер Н.(1981) сите од Скопје , од Дижонска и регионот на Кондово. Тие се познати  на органите на прогонот и од порано.

 
 
09.11.2015 - 15:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега