Отворен нов веб-сервис за промоција на македонскиот туризам

DiscoveringMacedonia (Истражувајќи ја Македонија) е нов веб-сервис за промоција на македонските туристички дестинации, на странските туристи.

Мисијата на  Discovering Macedonia е промоција и поттикнување на странските туристи за истражување на Македонија и запознавање со нејзините природни убавини и култура, преку уникатен пристап, кој во центарот го поставува туристот и сите содржини, информации и репотражи, ги прилагодува на неговите барања и потреби.

Репортажите, фотографиите и видеата се оригинални, направени од страна на ентузијастите од тимот на www.discoveringmacedonia.com . Со овој пристап веб-сервисот има за цел да ги прикаже убавините на Македонија, од еден поинаков агол.

Тимот верува дека со овој модерен пристап, прилагоден според светскиот терк, ќе се промовира Македонија во целиот свет, во својот вистински сјај.

Услугите кои моментално ги озбезбедува DiscoveringMacedonia за странските туристи се онлајн букирање на хотелски и апартмански престој, како и авионски летови, а наскоро оваа листа ќе биде проширена со останати многубројни услуги и активности, кои се атрактивни за странските туристи.

Веб-сервисот располага и со локатор кој овозможува пребарување и обезбедување точни информации за локациите кои се често потребни за странските туристи, како што се: банкомати, менувачници, аптеки, паркинзи, продавнициза сувенири, бензинскистаници, ресторани, кафулиња.

Сепак, приказната не застанува тука. Во изработка се репортажи кои ќе ги опфатат помалку актуелните места, со цел промовирање на алтернативниот туризам, заедно со сите активности популарни за странските туристи.

 

 

Оцени ја веста

30.09.2015 - 13:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега