Груевски: Со нова медицинска опрема ќе се намали смртноста на бебињата

Ќе биде набавена нова медицинска опрема на неонатологија на интензивната нега на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје и на Универзитетската клиника за гинекологија.

-Оваа опрема ќе биде од исклучителна важност за намалување на смртноста на бебињата, најави денеска премиерот Никола Груевски, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој истакна дека набавката на опремата ќе чини 50 милиони денари, а процедурата е во тек.

-Имаме посебен проект во Владата и Министерството за здравство за преземање на сите потребни мерки за намалување на смртноста кај доенчињата и затоа набавивме нова опрема во износ од 50 милиони денари, истакна премиерот.

Груевски истакна дека континуирано се вложува во здравството и веќе е започната процедурата за набавка на компјутерска томографија во поликлиниката „Јане Сандански“ во Аеродром, во вредност од 20 милиони денари.

Се очекува дека до крајот на месец октомври опремата ќе биде комплетно инсталирана.

Премиерот потсети дека веќе е реализиран и проект за набавка на опрема во здравството, со кој биле вложени 100 милиони евра.

 

 

Оцени ја веста

01.09.2015 - 15:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега