Браќа загинаа во ист ден на различни страни - едниот како херој, другиот како терорист

Двајца браќа од Саудиска Арабија - едниот пилот во воздушните воени сили, а другиот џихадист од ИД - загинаа на ист ден борејќи се на различните страни и двајцата оставајќи ги своите сопруги бремени.

Еден почина како национален херој борејќи се против тероризмот, а другиот како терорист кој убива херои.

Пилотот на Саудиските воздушни сили Насер ал-Харти загина минатата недела кога неговиот хелихоптер се сруши, откако изведе напад во Јемен.

Шиитските бундовници, познати како Хотис, тврдат дека го срушиле хелихоптерот на границата на провинцијата Јизан, пренесува британски Daily Mail.

По неколку часови, неговиот брат Захер се разнесе во автомобил, насочувајќи го нападот на Ирачките трупи во Самара.

Захер работел како медицински техничар во болница, но доброволно се приклучил кон ИД пред две години.

 

 

 

Оцени ја веста

27.08.2015 - 14:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега