Владата решава голем проблем: Нови градинки и нови вработувања

Владата продолжува со изградба на градинки со што решава значаен проблем.

Премиерот Никола Груевски кој вчера присуствуваше на поставување на камен темелник на нова детска градинка во општина Петровец, истакна дека потребата за нови градинки претставува една од најпосакуваните потреби на општините.

-Во 2006та година во градинки биле сместени 15.600 деца што било 9.6% од вкупниот број на деца на таа возраст, а во 2014 таа бројка е повеќе од двојно зголемена и изнесува 35 000 дечиња сместени во градинки што е 26.6% проценти, истакна вчера Груевски.

Инаку бројките говорат дека изминативе две ипол години од 2013-та па наваму отворени се 31 објект нови градинки. Летово започнаа да се градат четири нови градинки во Кисела Вода- Припор, Бутел, Илинден и Петровец.

Три се завршени и набрзо и ќе се отворат во Босилово, Карбинци, Липково, а до крај на годината градинки ќе се отворат и во Јегуновце, Кавадарци, Сарај, Гостивар, Охрид, Пештани, Кочани. Само оваа година се отворија три нови градинки во Охрид, Кисела Вода и Облешево.

 

Како резултат на поволностите отворени се и 21 приватна градинка изминативе години. Исто така отворени се 14 центри за ран детски развој. Истовремено со законот за трансформација на волонтерите 665 ангирани во градиниките добија решенија. Изминативе две ипол години дополнително се вработени околу 400 лица. 

 

 

 

Оцени ја веста

16.08.2015 - 11:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега