Џихадистите од ИД грабнале стотици сириски христијани од градот Ал Кариатан

Џихадистите од Исламска држава, грабнале „стотици“ христијани од сирискиот град Ал Кариатан, во провинцијата Хомс, пред во градот да навлезат и да го освојат, провладините сили.

Многу од христијаните кои се затекнале во овој град, претходно побегнале од провинцијата Алепо, каде подолго време се водат жестоки борби.

Припадниците на ИД ги казнуваат и им се одмаздуваат на сириските христијани, во сите места и области кои се под нивна контрола.

Оваа милитантна исламистичка група, која спроведува екстремистичка верзија на сунитскиот ислам, постојано им се заканува на христијаните, предупредувајќи ги дека ќе бидат ликвидирани, доколку не преминат во исламската религија.

Асириската федерација, хуманитарна организација стационирана во Шведска, чии членови имаат свои роднини во градот Ал Кариатан, соопшти дека џихадистите на ИД имаат грабнато околу сто семејства.

Тие веруваат дека христијаните се одведени кон планините, но засега никој не знае за нивната судбина.За грабнатите се вели дека претходно се криеле во локалната црква, од каде биле насила одведени.

Пред крајот на минатиот месец, друга група асириски христијани, биле грабнати и одведени од џихадистите, по нападите на ИД врз селата во североисточна Сирија.

Во оваа блискоисточна земја, пред распалувањето на граѓанската војна, имаше 22 милиони луѓе, а 10 отсто од нив се христијани.Околу 40 илјади од христијаните се Асиријци кои зборуваат варијанта на арамејскиот јазик, кој го зборувал и Исус Христос.

Многу истакнати личности од сириската елипа, меѓу кои и некои од основачите на владеачката Баат партија, се христијани.Добар дел од нив, сега, се раселени, или побегнале пред офанзивите и злосторствата на џихадистите, кои ги обвинуваат христијаните дека соработуваат со власта.

Дел од сириските христијани имаат формирано сопствени вооружени милиции, за да се бранат од џихадистите.

 

 

Оцени ја веста

07.08.2015 - 14:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега