По невремето и поплавите: Ова е моменталната состојба во тетовско

Дирекцијата за заштита и спасување соопштува дека интензивно се работи во селото Порој каде се препоставува дека има околу 350 000м3 нанос.

Освен Желино, се подготвува нова локација за депонирање отпад кај с.Доброште, општина Теарце. Патот Тетово - Јажинце е пробиен, но не е пуштен за употреба, а се работи и на расчистување на речното корито на Поројска река.

-Во Голема и Мала речица продолжува да се работи на терен.  Ангажиран е во Мала Речица од ПОЗС Дебар 1 дополнителен багер и 2 камиони, а во Голема Речица ангажирана е армијата и локалната самоуправа. Главниот пат Голема и Мала Речица е целосно исчистен, се пристапува кон другите локални патишта.Во Шипковица се продолжува потрагата по исчезнатото девојче и расчистувањето со ангажираната механизација, се вели во соопштението.

Кинеска Амбасада и донираше еден багер на општина Тетово кој е ставен во употреба.

Дирекцијата за заштита и спасување постојано ја следи состојбата на терен и е подготвена да ангажира дополнителна механизација доколку за тоа има потреба.

 

 

Оцени ја веста

07.08.2015 - 13:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега